За неполни 24 часа, два инциденти во Србија – се тепаа и ракометари и ракометарки! (ВИДЕО)

На прволигашки натпревар одигран во Краљево меѓу екипите на Металац и Хајдук Вељко, во текот на 18. минута, односно во првото полувреме, настана инцидент, кој го започна повремениот репрезентативец на Црна Гора и член на Металац, Божидар Лековиќ и голманот на Хајдук Вељко, Огњен Јовановиќ.

Двајцата споменати играчи влегоа во вербална расправија, во која за брзо време се приклучија и останатите играчи од двата табори, кои со турканици, боксови и пцовки сакаа да ги „одмерат силите“.

По неколку минути прекин, се смирија страстите на теренот, натпреварот продолжи во мирна атмосфера, а победа оствари екипата на Металац со шест гола разлика, 30:24.


Ова е втор инцидент на ракометните терени во Србија за помалку од 24 часа. Во претходниот ден, немили сцени и голем инцидент имаше на женскиот натпревар меѓу Власотинце и Врање.