Вардар Неготино во рамките од 18. коло од Првата лига во салата „Јане Сандански“ го совлада Работнички со 26:27 со гол во последните секунди од натпреварот.
Изедначен беше натпреварот од самиот старт, гостите го отворија натпреварот со голот на Митревски Мирослав, а на спротивната страна брзо возврати Димевски Давид.
Ниту една од двете екипи не успеваше да направи разлика поголема од два гола, а таа предност во првото полувреме на два пати ја имаше Работнички (1:3) и (3:5), додека гостите со два гола поведоа само еднаш (8:6). Во преостанатиот дел гледавме игра гол за гол. На полувреме се замина со предност за Вардар Неготино од 12:13.
Како што заврши првиот дел така продолжи и вториот, работите не се менуваа. Така беше се до 50. минута кога гостите направија една серија од 4:0 за предност од 20:24. Сепак по тајм-аутот на домаќините Работнички брзо се врати во игра и во последните пет минути се влезе со изедначен резултат 25:25.
Во последната минута Рабнотнички не реализираше еден зицер од крило, па Вардар доби напад за победа. Нападот во последните 4-5 секунди го заврши Ѓорги Ташев и обезбеди победа за Вардар Неготино. Токму Ташев беше првиот стрелец кај гостите со седум постигнати гола, девет за домаќините постигна Климент Ефтимов.