Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
Стартуваа разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостигаат неизвесни и интересни натпревари.
Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 1. коло од плеј-оф/аут.
Ќе можете да гласате до сабота до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
ВАРДАР – ОХРИД 28-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 30-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – БУТЕЛ СКОПЈЕ 31-32 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – СКОПЈЕ 30-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – РАДОВИШ 32-22 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)
Голман: Градимир Чаневски (Бутел Скопје) – со 11 интервенции против Еурофарм Пелистер 2 беше меѓу најзаслужните за триумфот на бутелци во Битола
Лево крило: Давор Палевски (Пролет) – доминираше на натпреварот со Радовиш и беше најдобар стрелец со седум гола заедно со Дејан Пецаковски
Лев бек: Реине Табоада (Еурофарм Пелистер) – кубанскиот интернационалец на натпреварот против Тиквеш покажа дека корона не оставила трага на играта
Среден бек: Димитар Ѓоргиевски (Бутел Скопје) – секогаш во служба на екипата, со неколку асистеннции и погодоци имаше заслуга за победата во Битола
Десен бек: Денис Тот (Бутел Скопје) – заедно со Мајиќ и Мојсоски беа најефикасни, но Хрватот беше стрелец на погодокот со кој беше обезбедена победата
Десно крило: Јосип Божиќ Павлетиќ (Еурофарм Пелистер) – хрватскиот интернационалец беше меѓу најефикасните во битолскиот тим во триумфот над Тиквеш
Пивот: Жереми Тото (Вардар) – францускиот кружен напаѓач им направи многу проблеми на охриѓани и има големи заслуги за стартниот триумф на Вардар