Митревски и Тодоровски со нова задача во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото коло во Лигата на шампионите.

Вторпат оваа сезона во најелитното натпреварување, делегирање добија македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Тие ќе ја делат правдата на пресметката во швајцарскиот град Луцерн, каде ќе играат тимовите на Криенс и норвешкиот Колстад.

Натпреварот на кој делегат ќе биде Унгарецот Бониферт, е закажан за 7 октомври во „Пилатус Арена“ со почеток од 18:45 часот.