Променет е терминот за дербито на 5 коло од Супер машката лига меѓу шампионот Вардар и Охрид.
Наместо во првично закажаниот термин, 19:00 часот, мечот во СЦ „Јане Сандански“ ќе се игра со почеток од 18:30 часот.
Во продажба се пуштени билетите за дерби натпреварот, а нив може да ги купите онлајн ТУКА.
Во зависност од местото на седење во салата, билетите се продаваат по цени од 300, 400 и 500 денари.
Ова е четврта средба во новата сезона меѓу овие две екипи, а втор од официјален карактер. Вардар и Охрид играа во финалињата на турнирите во Струга и Охрид, а се бореа и за трофеј во Супер Купот на Македонија.
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet . Со еден клик до сите вести.

























