Вардар се мачеше 58 минути со Охрид – ама бодовите останаа во Скопје

Со одбраната на Борко Ристовски во 58 минута и голот од пенал на Дарко Ѓукиќ во следната минута, Вардар успеа да победи и да го скрши силниот отпор на Охрид во првото коло од плејофот во домашната лига. Црвено-црните победија со 28-26 (12-13) а гостите имаат за што да жалат против ослабениот и не целосно мотивиран тим на Вардар. За македонскиот тим ова се важни бодови во трката за титулата, особено што во плејофот тргнаа со позитива од пет бодови како резултат на првото место од регуларниот дел на сезоната.

Драма и неизвесност имаше во тек на целиот меч. Гостинскиот голман Брауновиќ во 56 минута го одбрани пеналот на Тимур Дибиров во моменти кога Вардар имаше водство од 26-25. Но, потоа немаше реализација па Вардар зголеми на 27-25 преку Оливие Њокас. Гостите веќе немаа сила, да се спротистават на темпото на Вардар.  Немаше ни време за пресврт.

Борко Ристовски одбрани клучна топка при резултат 27-25, а потоа во следниот напад Дарко Ѓукиќ реализираше пенал за водство од 28-25, што беше и првпат Вардар да има „плус 3 “ на натпреварот.

Средбата со Охрид за домашната екипа на Вардар требаше да биде генерална проба пред дуелот со Елверум во лигата на шампионите. Гостите покажаа дека не се дојдени да се предадат, и на полувреме имаа и предност од 13-12. Можеби изненадување, но тимот на Радослав Стојановиќ ги искористи сите шанси, а можеби малку во прилог одеше и тоа што црвено-црните не беа комплетни, што секако не ја намалува вредноста на водството на Охрид.

Домашната екипа настапи без Валчак, Чувара, Стоилов, Моралес, Мишевски, Карапалевски, Крстевски…За Вардар дебитираше Костадин Петров кој во 28 минута го постигна и својот првенец за македонскиот првак.

Голот првенец на Петров за Вардар

Иако тренерот Давид Дејвис не побара тајм аут во првиот дел, имаше сигурно добра прилика з атоа откако во 22 минута Охрид имаше водство од 9-6 преку контрата на Мице Шилегов. Но, само три минути му требаа на Вардар да направи пресврт и да израмни на 9-9. Потоа Стефан Додиќ поентираше за водство од 10-9, иако до крајот повторно Охид ги искористи грешките на Вардар и сопствените шанси да замине на одмор со „плус 1“ за водство од 13-12.

Следува пауза во домашното првенство поради одржување на Куп натпреварите и ЕХФ репрезентативната недела. Во следното второ коло од Супер лигата, на 27 февруари Вардар е домаќин на Еурофарм Пелистер, а Охрид е домаќин на Бутел.

3 март 2022
28 - 26
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
3 март 2022 18:10 ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 03.03.2022 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19611228Победа
ОХРИД1326Пораз

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
6Оливие Њокаслев бек03
9Гоце Георгиевскидесно крило02
10Кевин Њокасдесен бек04
12Мартин Томовскиголман00
13Дијало Бакарилев бек00
21Давид Савревскидесен бек10
22Жереми Тотопивот16
28Филип Талескилев бек01
31Тимур Дибировлево крило06
44Стефан Додиќцентрален бек03
45Дарко Ѓукиќдесно крило02
77Ален Ќосевскидесно крило00
92Костадин Петровпивот01
 Вкупно 228

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јагош Брауновиќголман00
4Крсте Андоновскилево крило00
6Филип Кривокапиќцентрален бек04
8Наум Костовдесно крило00
10Филип Николовдесен бек08
11Мице Шилеговдесно крило12
12Христијан Коваческиголман00
13Славчо Шулески-00
14Михајло Младеновиќлев бек13
19Иван Тасескипивот02
21Филип Грубор-04
24Мартин Манасковлев бек11
34Мартин Ивановскицентрален бек02
35Николче Ристескилево крило00
 Вкупно 326

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
НАУМОВСКИ РУСЕ
ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980126
2ВАРДАР 1961970224
3ОХРИД970223
4АЛКАЛОИД960321
5ТИКВЕШ 2014950416
6ПРОЛЕТ92076