Мојсов: Момците покажаа шампионски карактер, сите одиграа според договореното!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа важна победа над Кадетен Шафхаузен со 27-26 во Лигата на Европа и останаа во игра за првото место во групата.

Асистенот на Жељко Бабиќ, Божидар Мојсов, вели дека иако во тимот фалеа многу ракометари, сепак целта беше исполнета.

„Очекувавме тежок натпревар. Без разлика што имаме многу проблеми, иако ни фалеа многу од ракометарите, момците покажаа дека имаме карактер и дека заслужуваме да играме во оваа лига. Одиграа максимално според договореното, го исполнија целиот план на теренот. Одговорија на сите задачи, сакам да им се заблагорам за играта и уште покажаа дека се шампиони“, вели Мојсов.

Следен предизвик за битолчани ќе биде гостувањето кај незгодната унгарска екипа Татабања на 1 март.

Драма со среќен крај за Еурофарм Пелистер, Кадетен падна во Битола!