Драма со среќен крај за Еурофарм Пелистер, Кадетен падна во Битола!

Тимот на Еурофарм Пелистер по поразот од Ним, се врати на победничките патеки во Лигата на Европа и во Битола го совлада швајцарскиот Кадетен Шафхаузен со 27-26. Иако во ростерот не беа Обрадовиќ и Велковски, не играа Мараш и Божиќ Павлетиќ, сепак избраниците на Жељко Бабиќ ги собраа важните бодови во битката за што подобар пласман во групата.

Битолчани поведуваа со еден гол разлика, но швајцарскиот тим успеваше да израмни. По 4-4, гостите врзаа два гола во серија и стигнаа до 4-6, но потоа влегоа во црна дупка. Одбраната на Еурофарм Пелистер беше одлична во овој период, Секељ врза две интервенции и домаќините направија пресврт со три гола во серија, 7-6. Беше 7-7, но битолчани уште еднаш имаа плус два, 10-8. Периќ промаши пенал, Пилиповиќ симна зицер, па Кадетен пак се врати во игра и израмни на 10-10 преку Цендер.

Повторно следуваа добри минути на Еурофарм Пелистер. Радовиќ и Периќ погодија за ново водство од плус, имаа домашните шанса и за плус три, но не реализираа, па казната стигна во мрежата на Секељ. Периќ повторно беше прецизен за 13-11, а Секељ му запре удар на Гербл. Убав погодок во следната акција постигна повратникот Радовиќ за 14-11, но потоа беше примен гол за 14-12. Сепак Табоада со гол во последните секунди ги постави конечните 15-12.

Нападот за плус четири не беше искористен на стартот на вториот дел, потоа битолчани во еден момент останаа и со четворица играчи во поле, па Кадетен успеа да израмни на 17-17. Тоа не ги поколеба битолчани во походот кон триумф, па набрзина стигнаа до плус два, 19-17. Имаа играч повеќе и два напади за плус три што не беа реализирани, па казната стигна од пенал за 19-18. Беше 21-18, плус четири спречи Пилиповиќ, но и Кизиќ на спротивната страна му запре зицер на Кањелас.

На десетина минути до крајот Периќ погоди за 22-19, па тренерот на Кадетен мораше да бара тајм-аут. Неговите избраници не погодија, па Табоада казни за 23-19. Со убавиот погодок Граџан ја врати таа предност, 24-20 на осум минути до крајот. Беше и 26-22, но две грешки во нападот на битолчани и Кадетен намали на 26-24. Биоска му одбрани пенал на Мандалиниќ, а потоа му запре удар и на Маџовски, но и гостите погрешија во следниот напад на две минути до крајот. Нова грешка на битолчани и гостите намалија на минус еден, 26-25, но Периќ стави точка на мечот со голот за 27-26.

22 февруари 2022
27 - 26
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
22 февруари 2022 20:26 ЛИГА ЕВРОПА D 2021/2022 22.02.2022 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1527Победа
КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН1226Пораз

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек00
3Гоце Ојлескилево крило00
4Никола Маркоскипивот02
6Бојан Маџовскилево крило01
7Дејан Кукуловскилев бек00
9Стипе Мандалиниќлев бек05
12Мартон Секељголман00
13Мирко Радовиќдесен бек14
14Марио Танкоскицентрален бек00
18Јосип Периќцентрален бек07
19Ненад Костескидесно крило12
24Милорад Кукоскилев бек00
32Јосип Божиќ Павлетиќдесно крило00
59Елмир Граџанпивот01
97Рение Табоадацентрален бек15
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 327

КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Кристијан Пилиповиќголман00
4Самуел Зендерлево крило06
5Торбен Мацкенцентрален бек00
6Димитриј Кителдесен бек02
8Ерик Шмитпивот22
9Јонас Шоперпивот02
10Донат Бартокдесен бек13
12Игнасио Биска Гарсијаголман00
14Филип Новакпивот00
15Марвин Лирлево крило00
18Максимилијан Герблдесно крило02
19Зоран Марковиќлев бек00
20Лука Марошлев бек03
21Јонас Шелкерцентрален бек13
26Лукас Хербургерлево крило02
7Жоан Канељаслев бек01
 Вкупно 426

ЛИГА НА ЕВРОПА, ГРУПА Д – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФУКСЕ БЕРЛИН10100020
2АРХУС1070314
3БИДАСОА ИРУН104159
4МОТОР103167
5АГУА САНТАС101274