Голманот на Охрид, Јагош Брауновиќ е играч на колото во 20. коло во Супер машката лига. Брауновиќ е играчот кој направи разлика на натпреварот против Пролет на кој Охрид дојде до победа од 23:20.
Во гласањето тој доби речиси 60 проценти од гласовите, а имаше убава предност пред Страхиња Симиќ, кој овој пат не можеше да стигне до нов триумф за МВП во колото. Тој остана втор со 35,46 проценти од гласовите.
Покрај нив во трка за МВП на колото беа и Владимир Јевтиќ (Бутел Скопје), Филип Николов (Охрид), Тимур Дибиров (Вардар), Оливие Њокас (Вардар) и Реваз Чантурија (Прилеп)