ИДЕАЛЕН ТИМ НА 19. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.

За разлика од ланската сезона, во оваа сезона има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер.

Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари. Како регуларниот дел од сезоната се приближува кон крајот, така се разгоруваат и битките за плеј-оф.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.

Ќе можете да гласате до недела до 14 часот.

Според Вас, кој ракометар го одбележа деветнаесеттото коло од машката Суперлига?

Мартин Димов - десно крило - Пролет
50.20%
Васил Гогов - голман - Вардар
36.37%
Давор Палевски - лево крило - Пролет
4.01%
Павле Атанасијевиќ - лев бек - Еурофарм Пелистер 2
3.51%
Стефан Атанасовски - пивот - Вардар
3.21%
Павле Петровиќ - десен бек - Еурофарм Пелистер 2
1.40%
Јосип Периќ - среден бек - Еурофарм Пелистер
1.30%

СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 19. КОЛО

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – СТРУГА           32:26 – ИЗВЕШТАЈ

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21:23 – ИЗВЕШТАЈ

ПРОЛЕТ – РАДОВИШ     30:23 – ИЗВЕШТАЈ

ТИКВЕШ – СКОПЈЕ 2020               31:24 – ИЗВЕШТАЈ

ПРИЛЕП – ВАРДАР          20:34 – ИЗВЕШТАЈ

МЕТАЛУРГ – ОХРИД       ОДЛОЖЕНО

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 19. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

ГОЛМАН: Васил Гогов (Вардар) Бранеше во добро издание на дуелот против Прилеп и имаше забележителна партија во текот на сите 60 минути.

ЛЕВО КРИЛО: Давор Палевски (Пролет) – На средбата против тимот на Радовиш беше убедливо најефикасниот. Натпреварот го заврши со осум гола.

ЛЕВ БЕК: Павле Атансијевиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Одигра одлична средба во која беше меѓу поефикасните против Струга. Беше стрелец на шест гола до 40. минута од натпреварот.

СРЕДЕН БЕК: Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер) – Заедно со Табоада беа најдобрите во победата против Бутел Скопје. Тој беше најефикасниот во триумфот против Бутел, а реализираше седумпати.

ДЕСЕН БЕК: Павле Петровиќ (Еурофарм Пелистер 2) – И тој како Атанасијевиќ имаше добар натпревар и сите голови ги постигна до 40. минута од средбата. Заврши со пет гола.

ДЕСНО КРИЛО: Мартин Димов (Пролет) – Постигна четири гола во победата против тимот на Радовиш. Имаше забележителна партија особено во првото полувреме.

ПИВОТ: Стефан Атанасовски (Вардар) – Доби можност за убава минутажа на гостувањето во Прилеп и ја искористи на најдобар можен начин. Постигна четири гола во победата на Вардар.