Еурофарм Пелистер се потеше 60 минути во Бутел, освои тешки три бода

Ракометарите на Бутел Скопје пропуштија голема шанса за да стигнат до изненадување на дуелот против Еурофарм Скопје и во финишот останаа без бодови иако водеа во поголемиот дел од средбата откако загубија со 21:23.

Од почетокот на натпреварот се виде дека екипата на Бутел Скопје има максимално мотивирани играчи кои ќе знаат што сакаат во секој дел од дуелот и ќе се борат за изненадување против фаворитот од Битола.

После почетното водство на Еурофарм Пелистер од 1:0 дојде водство на домашните и постојано беше гол предност во следните неколку минути. Долго се чекаше некој тим да поведе со два погодока разлика, но немаше таква предност до финишот на првиот дел кога Бутел Скопје поведе со 9:7 после серија од 3:0.

Овие два гола беа зачувани до крајот на првите 30 минути. Тимот на Бутел Скопје успеа да издржи и да остане во позитива така што на одмор се замина со 12:10.

Позитивата од плус два уште со првиот напад стана и плус три. Бутел Скопје стигна до 13:10 и овие плус три се чуваа до средината на второто полувреме. Се играше гол за гола до 17:14 кога гостите искористија шанса за да стигнат до три гола и да казнат грешки на противникот, па да се влезе во интересна завршница на средбата.

Резултатот беше 17:17, а Градимир Чаневски беше играчот што задаваше грижи за својот поранешен клуб. Кога противникот ќе најдеше шанса за да дојде до уште некој погодок тој бранеше одлично и го одржуваше Бутел Скопје во игра за изненадување.

До крајот на средбата текот беше максимално возбудлив. Бутел Скопје беше во предност, но до 20:18 кога гостите одново израмнија, а потоа и поведоа. Во последните минути влегоа со предност од 21:20. Потоа следуваше уште по еден гол на двете страни, а тимот на Бутел имаше напад за израмнување. Сепак, ракометарите се прекомбинираа и влегоа во пасивен. Не ја искористија акцијата, па гостите останаа во водство и со 25 секунди за последен напад.

Граџан беше играчот кој погоди за победа од 23:21 после тајм-аутот, па Еурофарм Пелистер успеа да се спаси од големо изненадување и се враќа со три бода за Битола.

9 февруари 2022
21 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
9 февруари 2022 18:59 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 09.02.2022 60'

Место

УС „Антон Димитров“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БУТЕЛ1221Пораз
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1023Победа

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Иван Андревски-00
6Јовица Младеновскилев бек00
7Томче Стојановскилев бек10
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек02
10Марко Митевцентрален бек02
14Бојан Спасовскипивот20
15Златко Мојсоскидесно крило05
17Бојан Спасовскидесен бек00
28Градимир Чаневскиголман00
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќпивот03
34Кристијан Василевскипивот00
43Петар Цветковски-00
64Мирко Мајиќлево крило24
94Денис Тотдесен бек13
96Кристијан Давитковскидесен бек02
 Вкупно 621

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек01
3Гоце Ојлескилево крило01
6Бојан Маџовскилево крило01
7Дејан Кукуловскилев бек10
9Стипе Мандалиниќлев бек02
12Мартон Секељголман00
14Марио Танкоскицентрален бек01
18Јосип Периќцентрален бек07
19Ненад Костескидесно крило00
24Милорад Кукоскилев бек00
30Мартин Велковскидесен бек10
32Јосип Божиќ Павлетиќдесно крило01
59Елмир Граџанпивот02
74Немања Обрадовиќцентрален бек02
97Рение Табоадацентрален бек15
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 323

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
НАЧЕВСКИ ДРАГАН

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515