Стружани дадоа отпор во Битола, но Еурофарм Пелистер имаше супер завршница

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 дојдоа до нова победа во Супер машката лига совладувајќи ја Струга со 32:26 и на тој начин се доближија уште повеќе до пласман во плеј-офот. Младите битолчани без поголеми проблеми дојдоа до триумф иако стружани во поголем дел од натпреварот беа рамниправен ривал.

Првото водство го имаа гостите кои отворија со 2:0, но потоа како да застанаа. Ова беше искористено од Еурофарм Пелистер 2 за да се дојде до серија од 6:0 и да се дојде до висока предност. Сепак, гостите го кренаа нивото на игра пред сè во одбраната каде беа поагресивни.

Добрата агресивност овозможи тимот на Струга да се врати резултатски во средбата и да не дозволи оваа средба да биде рано одлучена. Оттаму Еурофарм Пелистер 2 од предност од 6:2 дојде само на еден погодок и резултатот беше само 7:6. При овој резултат средбата продолжи со игра практично гол за гол бидејќи немаше веќе поголемо водство, па до крајот на првото полувреме имаше неизвесност.

На одмор беше 12:11, а остана неизвесноста до средината на второто полувреме кога ракометарите на Еурофарм Пелистер почнаа да ги казнуваат грешките на противникот. Успеваа да постигнуваат лесни голови и тоа донесе со 25:19. Овие плус шест отворија простор за мирна игра во завршницата и за целосна контрола на средбата.

Играта во која имаше целосна контрола резултираше со победа од 32:26 со што Еурофарм Пелистер 2 ја оправда улогата на фаворит, а воедно и продолжија со сигурната игра и со чекорот кон плеј-оф.

9 февруари 2022
32 - 26
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
9 февруари 2022 17:54 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 09.02.2022 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21232Победа
СТРУГА1126Пораз

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бобан Ристевскиголман00
3Цветан Кузманоскилево крило07
7Андре Буторацдесен бек11
8Павле Атанасијевиќцентрален бек06
9Васко Димитровскипивот20
10Христијан Митревскидесен бек02
11Симон Мирчевски-00
13Павле Петровиќдесен бек25
16Благојче Трајкоскиголман00
21Димитар Димитриоскицентрален бек02
23Стефан Талевскицентрален бек00
33Петар Атанасијевиќлево крило24
34Емилијан Ѓорговскилев бек03
44Ненад Белистојановски-02
88Димитриј Блажевскидесен бек00
99Филип Арсеновскипивот00
 Вкупно 732

СТРУГА

Officials

Судии:Делегат:
АНДОНОВ ВИКТОР
ЈОВАНОВСКИ СТОЈАНЧО
МЕТАЛАРИ КАМЕР

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515