Репрезентацијата на Норвешка успеа да го освои петтото место на ЕП откако славеше против Исланд со резултат 34:33 по 70 минути надигрување, кое беше проследено со голем број на подеми и падови на двете репрезентации, бидејќи после 60 минути резултатот беше 27:27.
Исланд можеше да се избори за победа, да го освои петтото место и директно да обезбеди пласман на Светското првенство следната година. Но, членот на исландската репрезентација, Елвар Јонсон на пет секунди пред крајот од регуларните 60 минути го промаши празниот гол на Норвешка откако претходно, Норвежаните не успеаја да организираат добар напад.
Ударот на Јонсон заврши покрај голот на Норвешка, а тоа значеше дека ќе следуваат продолженија. Во продолженијата од по пет минути, повеќе среќа имаше норвешката репрезентација. Харалд Рајнкинд со гол во последната секунда од продолжението донесе голема радост за Норвешка.
🚨 EXTRA-TIME!@HSI_Iceland 🇮🇸 27:27 @NORhandball 🇳🇴 at the end of full-time#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/7wCYbSpMm0
— EHF EURO (@EHFEURO) January 28, 2022
Репрезентацијата на Исланд заврши на 6. позиција на Европското првенство. Тоа значи дека ќе игра во бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во 2023 година, кое ќе се одржи во Шведска и Полска.