Селекторот Жорди Рибера остана без услугите на едно десно крило за вечерашниот полуфинален двобој со Данска.
Феран Соле доби позитивен тест на коронавирус на денешните тестирања и ќе мора да го пропушти полуфиналето.
Покрај Соле, позитивен тест доби и третиот голман Сергеј Ернандес, но Рибера нема многу грижи на голманската позиција, бидејќи тука се Коралес и Де Варгас.
Шпанија ќе се соочи со Данска во првото полуфинале на континенталниот собир со почеток во 18:00 часот, а овој меч ќе го судат македонските арбитри Начевски и Николов.