Повреди и Ковид ја десеткуваа Португалија, недостигаат дури 11 играчи

Селекторот на Португалија, се соочува со сериозни проблеми бидејќи дури 11 играчи на кои сметаше за Европското првенство му се надвор од тренажен процес или се и целосно спречени да настапат. Причините се во повреди или во позитивни тестови на Ковид 19.

На списокот за ова првенство дефинитивно ги нема Луис Фраде (повреден преден вкрстен лигамент на десното колено), Андре Гомез (повреда на левата нога), Педро Портела (колено), Диого Силва (колено), Алексис Боргес (зглоб), Жоао Фераз (тромбоза на десна нога), Белоне Мореира (лични проблеми).

Другите четворица Мигел Мартинс, Густаво Капдевил,Александре Калваканти и Тијаго Роча имаат позитивни тестови на Ковид 19 и тие би можеле да добијат шанса за да се подготвуваат во завршната фаза и да учествуваат на ЕП.

Сепак, ќе биде премногу тешко за да се дојде до посакуваната форма што е најава за тежок период за селекцијата на Португалија, која е во група со Холандија, Исланд и Унгарија. Ова е Група Б која вкрстува со Групата А каде што е Македонија, а и со Групата Ц во која Хрватска, Србија, Франција и Украина.