Репрезентацијата на Македонија победи и на втората контрола против Кувајт, но далеку потешко отколку на првата средба откако се избори за триумф од 22:21 во последните моменти од средбата. Голманот Мартин Томовски беше херојот на мечот кој во последните секунди ги одбрани ударите со што и овозможи на Македонија да победи, иако нашите репрезентативци во најголем дел од средбата имаа негатива, но и игравме со изменет состав без повеќемина стандардни ракометари.
Од почетокот на средбата двете репрезентации тргнаа во надигрување и постојано резултатот беше неизвесен. На почетокот играта беше во мал грч при што за шест минути игра беше 1:3, но брзо за две минути се дојде до нерешен резултат од 3:3.
Кувајт одново поведе со два гола, па Македонија врати со три погодоци и дојде до првото водство денеска од 6:5. Имаше нов пресврт бидејќи мал период на лоша игра во одбраната придонесе на средина од првиот дел да биде 6:8.
Како што одминуваше времето така се влезе во мирен период на игра при која до крајот на првиот дел немаше преголемо одвојување во резултатот бидејќи се дојде до констатна разлика од еден гол за Кувајт, а на полувреме беше 11:12.
Второт дел одново имаше мала криза и тука се дојде до негатива од пет гола. Македонија имаше 12:17 после девет минути игра во второто полувреме, но брзо беше одработено на нивп и ритамот се врати назад во корист на Македонија, па брзо беше фатен нов приклучок. Откако во 45. Минута после два добро изведени пенали се дојде до 16:18.
Пет минути немаше погодоци, а после тајм-аутот на Борис Дениќ, составот на Кувајт дојде до плус три и на десет минути до крајот од средбата имаше водство од 19:16.
Во финишот Македонија почна одново да се доближува. Имаше мал прекин при кој репрезентативците на Кувајт реагираа кај судиите при што беа малку пожестоки во реакциите, но средбата брзо продолжи. Со тоа продолжи и неизвесноста бидејќи на четири минути до крајо резултатот беше 19:20. Македонија дојде до еден гол, но Кувајт одново дојде до плус два. На две минути до крајот на средбата Георгиевски од мал агол успеа да погоди за 20:21, а потоа откако Талески беше исклучен Томовски успеа да одбрани и да донесе шанса за израмнување. Резултатот го израмни Ѓеоргиев кој погоди за 21:21 на нешто повеќе од една минута до крајот од натпреварот.
Следниот напад на Кувајт заврши со пробивање, а Георгиевски реализираше уште еднаш за 22:21 за Македонија на 15 секунди до крајот од средбата. Кувајт имаше време за уште еден напад, а имаше зицер шут кој заврши со одбрана на Томовски, кој беше херој во последните моменти од средбата.
МАКЕДОНИЈА – КУВАЈТ 22:21 (11:12)
Сала во Маврово: Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Македонија.
МАКЕДОНИЈА: Митревски, Томовски 1, Кизиќ, Ојлески, Стоилов 2, Ѓеоргиев 6, Митев, Талески 2, Симоноски 1, Костески 4, Геогиевски 2, Младеновиќ, Стојковиќ, Маџовски 3, Петров, Мишевски, Серафимов 1
Седмерци: 4/5, Исклучувања: 6 мин.
КУВАЈТ: Бајабес, Елбрахем, Салех 2, Азиз 3, Намаф 1, Јузев 1, Гарабли 1, Абдулах, Мипал 1, Сафар, Мишари 2, Мубарак 2, Сакер 2, Мубарк 3, Салмен 1, Дашти 1
Седмерци: 0/3, Исклучувања: 12 мин.