Македонската радио телевизија ги откупи правата за преноси од претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка што ќе се одржи од 13 до 30 јануари.
Тоа значи дека македонските љубители на ракометот ќе можат да ги следат натпреварите со коментар на мајчиниот јазик.
Македонија ќе игра во групата А во Дебрецин, и ќе се соочи со Данска, Словенија и Црна Гора, а првите две селекции обезбедуваат место во главната рунда.
Најавени се преноси на МТВ во термините од 18:00 и 20:30 во групната фаза, а потоа во сите термини кога ќе се игра главната рунда – 15:30, 18:00 и 20:30 часот.
Покрај тоа ќе има специјални емисии со стручни аналитичари пред натпреварите на Македонија, како и пред натпреварите од завршниот викенд. Комплетниот распоред на преноси ќе биде дополнително познат.