Добредојдовте во мојата колумна ПРЕСИНГ, која за време на ЕП во Унгарија и Словачка ќе „се емитува“ на специјализираниот портал, 24 Ракомет. Ќе се обидеме да одиграме пресинг, да ги потенцираме важните сегменти кои ги одлучиле натпреварите, кој каде погрешил или погодил, ќе ја следиме нашата национална селекција на патот до историски пласман, ќе ги презентираме работите од друг агол, интегрално...
Македонскиот машки ракомет го продолжи континуитетот со учество на големата сцена и за 15 тина дена ќе биде во центарот на вниманието на пошироката јавност. Ковид заразени, повредени, навредени и уморни..не очекува европско првенство со многу откази на (не)важни играчи во повеќе селекции, играчи кои ќе влијаат на квалитетот и секако конечниот пласман и крајниот резултат.
Добредојдовте во мојата колумна ПРЕСИНГ, која за време на ЕП во Унгарија и Словачка ќе „се емитува“ на специјализираниот портал, 24 Ракомет. Ќе се обидеме да одиграме пресинг, да ги потенцираме важните сегменти кои ги одлучиле натпреварите, кој каде погрешил или погодил, ќе ја следиме нашата национална селекција на патот до историски пласман, ќе ги презентираме работите од друга агол, интегрално…
За почеток, една констатација, Ковид пандемијата и густиот распоред на одигрување на големите натпреварувања во ракометот го земаат „данокот“. Голем дел селекции ќе настапат некомплетни, пред се Шпанија која ќе допатува без првата ѕвезда Алекс Дујшебаев, Норвешка без Јоханесен, Германија без искусниот Фабијан Виде, Франција без Ремили и Н’гесан… дел од нив повредени, дел имаат „семејни причини“ како оправдување на отсуството, дел невакцинирани, дел уморни од густиот распоред и правилата на ЕХФ и ИХФ на секои две години да се одигруваат големи натпреварувања. Тоа е веројатно премногу, дури и за најголемите. Од друга страна, секој ден има нови „позитивни“ на Ковид вирусот, од најголемиот ракометар во првите 20 години од 21-тиот век Никола Карабатиќ до пола црногорска селекција.
Ако кажеме дека фаворити на првенството се Данска, Шпанија или Франција, не сме кажале ништо ново. Но, според составите и она што го видовме на последните два големи собири (СП и ОИ), Франција и со големиот Никола (иако од она што го гледаме и во матичниот клуб ПСЖ, Карабатиќ во моментов е поголем проблем отколку додадена вредност за екипата која настапува) во составот веќе нема загарантирано место во полуфиналето, Шпанија правејќи длабок рез во составот, со пензионирањето на неколку великани (пред се Раул Ентрериос) и откажувањето на првата ѕвезда Дујшебаев, се чини ќе биде во втор план. Иако, да не заборавиме, шпанскиот систем го владее светот во моментов.
Ваквиот расплет на работите на површина вади два заклучоци. Првиот е дека скандинавците се ставаат во улога на фаворити за поделба на одличјата и вториот, и оној поважниот за нас како Македонија, дека покрај домаќинот Унгарија, која по промена на генерациите, полека созрева на големите натпреварувања и како домаќин ќе сака да направи „нешто повеќе“, уште две до три селекции ќе имаат шанса, како ретко кога во минатото да се вклучат во борба за медалите или за висок пласман.
Хрватска, со многу „зналци“ во составот, без класичен шутер и стандардно без големо име меѓу стативите, но со Дувњак во два правци и Циндриќ како вансериски може да победи секого, Исланд со Палмарсон во составот и Србија со шпанецот Тони Џерона на клупата и многу играчи од најквалитетните европски лиги, без (барем гледано од страна) проблемите кои во минатото ги оставаа без главните ѕвезди во квалификациите и на големите натпреварувања можеме да очекуваме да направат добар резултат.
И секако, нашата национална селекција, предводена од Лазаров во повеќе функции, со најголем и најскап стручен штаб во историјата, со услови кои ги надминуваат можностите и состојбите во државата, со популарниот Жути назад во составот, со зрела ’96 генерација и група по мерка, Македонија ќе атакува на највисок пласман во историјата на големите смотри и пласман во завршните борби. Наши противници во А групата се скандинавскиот ракометен џин Данска, стариот познаник Словенија и аутсајдерот Црна Гора, која со многу проблеми со меѓучовечки односи, Ковид заразени и повредени тешко ќе може да парира на многу поискусните (со настапи на големи натпреварувања) репрезентации.
Селекторот и капитен на националниот тим, неодамна го скрати списокот и ги стратуваше подготовките во Маврово, каде ќе одиграме два подготвителни натпревари со Кувајт и уште две по враќањето во Скопје.
За изборот на Лазаров, новата филозофија со шпански шмек и користење на целиот ростер за најдобри резултати во следната колумна, тука на 24 Ракомет.
Аирлија ново големо натпреварување!
Горан Ѓоргоноски,
Поранешен ракометен репрезентативец и основач на проектот Ракомет за секое дете