За првпат во историјата на едно Светско првенство за жени ќе настапат 32 репрезентации. Мундијалот во 2021 година ќе се игра во Шпанија од 1 до 19 декември. Првенството ќе го отвори домаќинот Шпанија со дуелот против Аргентина во Торевиеха.
Светското првенство ќе се игра во четири градови, домаќини ќе бидат Гранољерс со арена која прима 5685 гледачи, Кастелон со 5263, во Торевиеха ќе има најмногу 4500 гледачи и Лирија со сала со капацитет за 4200 гледачи.
Репрезентаициите ќе бидат поделени по четири во осум групи, а пласман во следната фаза ќе обезбедат првопласираните три. Во главната фаза ќе се формираат групи по шест репрезентации кои ќе пренесат бодови од меѓусебните дуели во прелиминраната рунда. Последно пласираните слекции во првата рунда ќе играат во Президент купот односно за пласман од 25 до 32 позиција.
Единствена репрезентација која е дебитант на ова првенство е Иран, додека Словачка, Узбекистан и Порто Рико ќе го играат своето второ Светско првенство. Покрај Словачка и Полска, репрезентацијата на Кина исто така ќе настапи со вајлд карта. Романија е единствената репрезентација која учествувала на сите 25 светски првенства до сега, после неа следува Унгарија со 23 учества и Данска со 22 учества на Мундијалите. Најмногу трофеи има освоено Русија вкупно четири титули (2001, 2005, 2007 и 2009 година) пред Норвешка со три титули (1999, 2011 и 2015).
Прв фаворит за освојување на шампионатот е Норвешка која доколку нема големи промени во тимот кој го освои Европското првенство во 2020 година со осум победи без пораз. Тука се Катрин Лунде, Нора Мерк, Реистад, Бретсет, Кристенсен и Офтедал и се голема закана за секој протвник.
Веднаш зад Норвешка е Русија која ќе настапи без неколку клучни ракометарки од претхнодното првенство како Ана Вјахирева и Дарија Дмитриева кои објавија пауза од ракометот. И покрај транзицискиот период во руската репрезентација сепак и подмладена екипата има голем потенцијал.
Исто така и олимпискиот шампион Франција е во транзициски период, но може да се каже во напредна фаза бидејќи голем дел од помладите ракометарки веќе играа на Светското првенство во Јапонија.
Бранителот на титулата Холандија со нов селектор ќе се обиде да стигне до нов голем успех. Добра вест за Холанѓанките е што во составот се враќа најдобриот играч на претходното Светското првенство 2019 година, Естевана Полман која се опорави од повредата.
Четирикратната ракометарка на годината според ИХФ, Кристина Неагу нема да биде дел од репрезентацијата на Романија, но тоа не е единствениот проблем на Романките. Непознато е дали ќе можат да настапат Крина Пинтеа, Елиса Бучечи и Габриела Периану кои се повредени.
Секогаш домаќините на првенствата се големи закани за сите противници па така и Шпанија е во конкуренција за добар пласман. Домаќинот ќе биде без клучните имиња со составот како Нереа Пена и Миреја Гонзалес.
Група А: Франција, Црна Гора, Ангола, Словенија.
Група Б: Русија, Србија, Камерун, Полска.
Група Ц: Норвешка, Романија, Казахстан, Иран.
Група Д: Холандија, Шведска, Порторико, Узбекистан.
Група Е: Германија, Унгарија, Чешка, Словачка.
Група Ф: Данска, Јужна Кореја, Тунис, Конго.
Група Г: Хрватска, Јапонија, Бразил, Парагвај.
Група Х: Шпанија, Австрија, Аргентина, Кина.