Ракометарите на Еурофарм Пелистер гостуваат во Португалија каде што вечерва ќе се обидат да дојдат до нови бодови.
Во споредба со претходниот натпревар против Татабања, тренерот Жељко Бабиќ направи една промена во ростерот.
Во тимот се враќа левото крило Бојан Маџовски, а во составот не е левиот бек Дејан Кукуловски кој беше дел од двобојот со унгарскиот тим. Во Битола останаа и Филип Ивановски и Мирко Радовиќ.
Спортинг е тежок ривал и нема да биде едноставно, но ќе мора да се одигра најдобро што може. На оваа средба ќе треба нивото на играта да биде кренато на највисоко и да се повтори формата од дуелите против Аек и Татабања.
Секако денеска од 20:45 часот ќе се следи интересен и допадлив ракомет и ќе биде максимално интересно.