По реми и две победи во низа, ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува петтиот натпревар од Лигата на Европа.
Битолчани му гостуваат на Спортинг Лисабон, а кружниот напаѓач Елмир Граџан дели дека неговиот тим оди на победа и на ова тешко гостување.
„Победивме против АЕК во Грција и против Татабања во Битола, а освоиме бод и во лошиот натпревар на кој губевме седум разлика во Шафхаузен, но на крајот земавме важен бод. Ниеден натпревар не треба да го препуштиме на случајот и како секогаш досега и против Спортинг ќе одиме на победа. Тоа е добра екипа што има брз проток на топката, имаат слична одбрана како нашата и мислам дека ако се подготовиме добро, нема да имаме проблем да ја пробиеме“, вели Граџан.
Натпреварот меѓу Спортинг Лисабон и Еурофарм Пелистер се игра утревечер со почеток во 20:45 часот.