Второ коло по ред ракометар на Охрид е играч на колото, а после Стефан Додиќ до првото место на листата се најде и голманот Јагош Брауновиќ, кој доби најмногу гласови во Анкетата на 24 Ракомет за 11. коло во Супер машката лига.
Брауновиќ се најде пред неговиот клупски колега Мице Шилегов, а и двајцата имаа над 20 проценти од гласовите. Брауновиќ заврши со 39,24 проценти, а Шилегов со 23,82 таа што тука немаше никакви дилеми за првото место.
Во трка за МВП на колото беа и Мирко Мајиќ (Бутел Скопје), Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2), Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер), Халил Озтурк (Металург) и Стефан Трпчевски (Тиквеш).