Ракометарите на Вардар ги очекува ново соочување со унгарскиот шампион ПИК Сегед во Лигата на шампионите.
Левиот бек на унгарскиот тим, Ричард Бодо многупати гостувал во Скопје и знае дека нема да биде лесно за него и за соиграчите.
„Нема да биде лесен натпревар, сите знаат дека Вардар има незгоден стил на играње. Тие се брзи, поседуваат рутина и се многу борбени играчи. Ќе биде важно да се одбраниме, брзо да правиме транзиција, бидејќи домашната екипа сигурно ќе трча многу. Мора да бидеме попрецизни во нападот, нивниот голман имаше добра партија на првиот натпревар. Ние сме во добра форма, па имаме само една цел – да победиме и да ги собереме двата бода“, изјави Бодо.
Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед се игра утревечер со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.