Романци ќе бидат „главни“ на теренот во СЦ „Јане Сандански“

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за осмото коло во Лигата на шампионите.

На дуелот меѓу Вардар и ПИК Сегед што се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“, правдата ќе ја делат романски арбитри.

Станува збор за Ромео Штефан и Богдан Штарк, додека делегат на овој натпревар ќе биде Владимир Ранчик од Словачка.

Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед започнува утревечер од 20:45 часот.