Супер прво полувреме за Еурофарм Пелистер, има плус осум против Татабања

После првите 30 минути екипата на Еурофарм Пелистер има голема предност против тимот на Татабања од осум гола разлика и резултат 17:9.

Надигрувањето на овој дуел траеше десетина минути, а потоа дојде до преземање на иницијативата и постојано зголемување на водството. При 5:5 во 11. минута со 4:0 екипата на Еурофарм Пелистер успеа да дојде до убедливо водство. На средина од првиот дел имаше 9:5 и оваа разлика овозможи да се игра многу помирно во продолжение.

Во првите 30 минути едноставно сè одеше од рака. Секељ имаше моменти кога одлично ги читаше своите сонародници, па во многу помагаше за создавање на предноста. На сето тоа и грешките кои ги правеа гостите помагаа тимот на Еурофарм Пелистер постојано да го зголемува водството.

И додека за плус четири беа потребни 15 минути, за дополнителните четири требаа десет бидејќи после одличната контрола на играта во 25. минута резултатот беше 15:7 така што составот од Битола тргна во вистински правец кон нов триумф. До крајот на првиот дел беше зачувана предноста, а ан одмор се замина со 17:9.

Во првите 30 минути најефикасни беа Мараш и Табоада со по четири гола, три постигна Мандалиниќ, а по два гола имаа Божиќ-Павлетиќ, Ојлески и Периќ.