ИДЕАЛЕН ТИМ НА 11. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиотдел од сезоната.

За разлика од лани годинава има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи. Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Според Вас, кој ракометар го одбележа единаесеттото коло од машката Суперлига?

Јагош Брауновиќ - голман - Охрид
39.24%
Мице Шилегов - десно крило - Охрид
23.82%
Мирко Мајиќ - лево крило - Бутел Скопје
12.21%
Павле Атанасијевиќ - лев бек - Еурофарм Пелистер 2
10.99%
Никола Маркоски - пивот - Еурофарм Пелистер
5.95%
Халил Озтурк - среден бек - Металург
4.12%
Стефан Трпчевски - десен бек - Тиквеш
3.66%

РЕЗУЛТАТИ ОД 11. КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

МЕТАЛУРГ – СКОПЈЕ 2020            33:24ИЗВЕШТАЈ

ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР            24:41ИЗВЕШТАЈ

ПРОЛЕТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ              20:24ИЗВЕШТАЈ

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ГРК ОХРИД  28:28ИЗВЕШТАЈ

ГРК ТИКВЕШ – РАДОВИШ            33:20ИЗВЕШТАЈ

СТРУГА – ВАРДАР            28:37ИЗВЕШТАЈ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 11. КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Јагош Брауновиќ (Охрид) – Беше еден од подобрите во тимот на Охрид особено во моментите кога се одлучуваше кој тим ќе дојде до бодови. Помогна многу во освојувањето на бодот во Битола.

ЛЕВО КРИЛО: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје) – Тимот на Бутел освои големи бодови против Пролет и тоа како гостин, а Мајиќ одработе убедливо најдобро. Деветпати погоди во новата победа.

ЛЕВ БЕК: Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Репрезентативецот на Еурофарм Пелистер 2 одработи нова одлична средба. Го држеше својот тим во игра за бодови, а со седум гола придонесе за бодот против охриѓани.

СРЕДЕН БЕК: Халил Озтурк (Металург) – На натпреварот каде што Металург беше само со 12 ракометари (од нив три голмани) тој уште еднаш одигра добро и ефикасно. Со осум гола беше прв стрелец во екипата.

ДЕСЕН БЕК: Стефан Трпчевски (Тиквеш) – Успеа да постигне шест гола во победата против Радовиш. И тој и како повеќето одработија добар натпревар.

ДЕСНО КРИЛО: Мице Шилегов (Охрид) – Со 14 гола беше убедливо најефикасниот на средбата. Три гола постигна од пенал, но другите беа од игра и го предводеше својот тим до бод. Постигна пола од головите на Охрид.

ПИВОТ: Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер) – Солидна партија за репрезентативниот пивот на Еурофарм Пелистер. Маркоски ја држи формата на добро ниво.