Металург со 12 играчи на терен и со победа од девет разлика

Екипата на Металург се врати на победите во Супер лигата откако во Автокоманда триумфираше против Скопје 2020 со 33:24, а на терен на овој натпревар имаше само 12 ракометари од кои тројца беа голмани.

Ракометарите на Скопје први го „скршија мразот“ и поведиа со 1:0, а потоа следуваа два гола на домаќините за водство од 2:1. Металурзите искористија неколку грешки на гостите и по пет минути игра со голот на Петковски се одлепија на плус два, 4:2. Екипата на Скопје во секој поглед беше немоќна во дуелот со поранешниот шампион на Македонија. Металург рутински ја контролираше својата предност која по петнаесетина минути игра изнесуваше највисоки шест гола разлика, 10:4.

Малиот пад во играта на домашната екипа поради кратката клупа беше причина екипата на Скопје да намали на пет негатива, 6:11. До крајот на полувремето, Металург со серија од 5:0 стигна до висока разлика од 17:8, додека на полувреме замина со предност од 17:9.

Во вториот дел, Металург продолжи со својата доминација, полека ја градеше големата предност преку Хорват, Озтурк и Петковски. По десетина минути игра во второто полувреме, домаќините имаа водство од 25:14. Тука сосема беше јасно дека бодовите ќе останат за домашната екипа. Во последните дваесетина минути, ракометарите на Металург одржуваа водство, најчесто од девет до десет гола разлика. Скопје во последниот дел направи серија од 3:0, намали на минус седум, 23:30, но до самиот финиш не успеа уште повеќе да ја преполови својата негатива.

Во следното коло, Металург ќе гостува кај Пролет. Избраниците на Симе Симовски за следен ривал го имаат актуелниот шампион на Македонија, Вардар.

19 ноември 2021
33 - 24
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
19 ноември 2021 19:03 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 19.11.2021 60'

Место

Спортска сала „Автокоманда“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЕТАЛУРГ1733Победа
СКОПЈЕ 2020924Пораз

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Костадин Петровпивот00
4Александар Петковскидесен бек06
7Дамјан Субашевски-02
10Даниел Дупјачанецголман00
12Давид Брестовацголман00
13Златко Хорватдесно крило08
15Улисес Рибеиролево крило00
19Милан Лазаревскипивот14
24Халил Озтурклев бек07
28Андреј Митиќпивот13
51Димитар Бардакоскиголман00
64Велко Маркоскилев бек23
 Вкупно 433

СКОПЈЕ 2020

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Давид Стојкоскиголман00
2Филип Василевскипивот15
4Марио Мишевскилево крило01
5Бојан Чакалиќцентрален бек05
7Андреј ТркалевскиСреден бек01
9Александар Василевскилев бек12
16Матеј Петковскиголман00
18Кирил Пешкирскилево крило02
19Велимир ГрујовскиСреден бек01
20Лука Благопетровдесно крило00
22Андреј Пешевскицентрален бек01
23Благој Димчевскипивот04
24Стефан Стојановскилев бек00
25Леонид Киселовскилев бек00
27Бојан Николовскидесно крило00
77Симон Калајџиескилево крило02
 Вкупно 224

Officials

Делегат:Судии:
МИРЧЕСКИ ЛЕРИВУКАШИНОВСКИ АЛЕКСАНДАР
ТРАЈКОВСКИ МИРКО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515