Бутел Скопје преку Пролет со скок на 3. место во Супер лигата

Екипата на Бутел Скопје си замина со трите бода од гостувањето на Пролет откако дојде до победа од 20:24 со што се најде на 3. позиција на табела и сега е зад Еурофарм Пелистер и Вардар (има натпревар помалку).

Од стартот на средбата можеше да се види дека ова ќе биде дуел со малку погодоци, но и постојана неизвесност. И двете екипи беа внимателни, но се трудеа да ја искористат секоја шанса за да дојдат до гол повеќе.

Првиот дел мина во константно менување во водство. И едниот и другиот тим имаа свои периоди и се трудеа да дојдат до гол повеќе. Во овој дел од средбата и голманите имаа свои моменти и собраа неколку интервенции со кои учествуваа во градењето на резулттот кој беше нерешен на крајот од првите 30 минути, 10:10.

Од резултатот може да се види дека имаше квалитетна игра во одбраната и не се дозволуваше така лесно да се дојде до погодок.

Вториот дел продолжи во ист стил. И двете екипи имаа добар почеток, но некаде кон средината на второто полувреме почна да се менуваат работите и Бутел Скопје да ја презема иницијативата. Успеаја да го преземат водството односно неговата контрола кога поведоа со 16:14 и од овој момент практично до крајот на средбата константно резултатот беше 2-3 гола за гостите.

Во 54. минута тимот на Бутел Скопје остана без Кристијан Василевски, но тоа беше трето исклучување за него така што мораше на трибини. Со оглед на тоа што имаше малку до крајот немаше проблем да се исконтролира и да се дојде до трите бода.

Ова беше голем триумф за Бутел Скопје што допринесе за менување на ситуацијата на табелата и ќе биде уште поинтересно во продолжение од сезоната бидејќи уште никој не може да биде сигурен околу пласманот од 3. до 6. позиција.

20 ноември 2021
20 - 24
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
20 ноември 2021 19:34 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 20.11.2021 60'

Место

УС „Македонско Сонце“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПРОЛЕТ1020Пораз
БУТЕЛ1024Победа

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Михаил Аларовпивот00
5Михаил Тотиќ-00
7Бојан Маневцентрален бек00
8Дејан Пецаковскилев бек09
11Виктор Додевскидесно крило00
13Мартин Димовдесно крило00
15Ласко Андоновскицентрален бек01
16Андреј Петковскиголман00
18Иван Џоновлев бек01
19Доне Мајновдесен бек02
20Томислав Димковски-00
21Филип Крстевски-00
23Ѓорѓе Голубовиќдесен бек05
33Јане Цветковскиголман00
71Давор Палевскилево крило12
99Жарко Пејовиќцентрален бек00
 Вкупно 120

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Филип Фидановски-00
5Иван Андревски-00
6Јовица Младеновскилев бек14
7Томче Стојановскилев бек01
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек11
10Марко Митевцентрален бек00
15Златко Мојсоскидесно крило12
17Бојан Спасовскидесен бек01
22Стефан Стојчевиќпивот00
28Градимир Чаневскиголман00
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќпивот11
34Кристијан Василевскипивот30
64Мирко Мајиќлево крило19
94Денис Тотдесен бек05
96Кристијан Давитковскидесен бек00
 Вкупно 824

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
НАЧЕВСКИ ДРАГАН

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515