Еурофарм Пелистер очекувано убедливо и со три бода против Прилеп

Составот на Еурофарм Пелистер очекувано дојде до победа на гостувањето во Прилеп со 41:24 откако во текот на целиот натпревар беше во предност и во ниту еден момент немаше неизвесност и прашање кој ќе ги освои бодовите.

Од почетокот на средбата беше наметнато силно темпо. Гостите од Битола поведоа со 4:0 и овие четири гола им овозможија мирно да го продолжат натпреварот. Водството постојано се зголемуваше, а нападите се реализираа лесно. Домашните се обидоа да се спротистават колку можат повеќе, но немаа сили за да се доближат на уште некој погодок.

Контролата беше на страната на гостите кои на полувреме имаа 22:12 така што остана прашањето како натпреварот ќе продолжи и колку ќе биде голема разликата на крајот.

До последните моменти Прилеп се обидуваше да намали, но Еурофарм Пелистер веќе имаше големо водство така што прашањето беше колку ќе биде голема разликата на крајот од средбата.

Финишот беше со 41:24 така што плус 17 од овој дуел беа загревање за новата средба од Лигата на Европа во вторник кога во Битола гостува екипата на Татабања. Прилеп, пак, првата победа во Универзалната сала ќе ја бара на некоја од следните средби.

19 ноември 2021
24 - 41
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
19 ноември 2021 20:00 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 19.11.2021 60'

Место

Спортска Сала Сонце Прилеп

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПРИЛЕП1224Пораз
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР2241Победа

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Александар Тренчевскипивот09
3Бојан Вренцоскилево крило00
5Лео Дамчевски-00
9Христијан Бикоскилево крило02
11Владимир Трајкоскилев бек01
12Иван Ангелескиголман00
17Хари Павловдесен бек02
18Давор Шокоскилев бек04
19Антонио Бурчевскипивот00
21Стефан Лозаноски-03
23Реваз Чантуријадесно крило02
27Христијан Милошевскилев бек10
28Синиша Павловдесен бек00
33Стефан Христоскиголман00
77Зураб Цинцадзеголман00
90Даниел Андоновскилев бек11
 Вкупно 224

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек25
3Гоце Ојлескилево крило03
4Никола Маркоскипивот03
7Дејан Кукуловскилев бек02
9Стипе Мандалиниќлев бек00
12Мартон Секељголман00
14Марио Танкоскицентрален бек01
18Јосип Периќцентрален бек03
19Ненад Костескидесно крило012
24Милорад Кукоскилев бек10
30Мартин Велковскидесен бек01
32Јосип Божиќ Павлетиќдесно крило00
59Елмир Граџанпивот03
74Немања Обрадовиќцентрален бек14
97Рение Табоадацентрален бек04
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 441

Officials

Судии:Делегат:
ГЕОРГИЕВСКИ ДЕЈАН
ГЕОРГИЕВСКИ ДИМИТАР
МЕТАЛАРИ КАМЕР

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515