Доминантен и висок триумф на Тиквеш за останување во Топ-6

Ракометарите на Тиквеш дојдоа до победа од 33:20 против и со новите три бода останаа на 6. место во Супер машката лига, но сега на три бода зад Пролет и пет зад Еурофарм Пелистер 2 така што ова е најава за борба за уште повисок пласман во продолжение од сезоната.

Добрите игри на кавадарчани продолжуваат така што е сосема извесно дека сезонава уште ќе има што да се покаже бидејќи допрва следуваат главните дуели. А дека денеска ќе немаат поголеми проблеми за да дојдат до три бода се виде многу рано. Откако средбата имаше неизвесен тек до 6:6 во 14. минута следуваше многу посилно продолжение на домашните.

Влегоа во период од играта во кој доминираа на теренот. Направија серија од 5:0, па откако примија гол имаа уште 5:0 и веќе стигнаа до 16:7 така што немаше никакви дилеми како ќе течат работите до крајот од натпреварот.

Резултатот на полувреме беше 17:8 така што тука практично беше одлучено кој победува. Во вториот дел играчите на Тиквеш можеа мирно да го приведат натпреварот кон крај и да се изборат за нови три бода. Лесно беше обезбедена и двоцифрена предност првпат уште при 21:11, а потоа долго се чуваше.

Во финишот иако можеше да се одигра и поопуштено, голманот Велков бранеше одлично и не дозволуваше противникот да дојде до нешто повеќе на теренот односно до ублажување на поразот. На крајот беше 33:20 со што Тиквеш ги потврди бодовите на овој дуел.

20 ноември 2021
33 - 20
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
20 ноември 2021 21:51 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 20.11.2021 60'

Место

СЦ „Јасмин“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ТИКВЕШ 20141733Победа
РАДОВИШ820Пораз

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Марио Гичевцентрален бек01
4Марко Трајковскипивот01
9Орданчо Лазовлево крило03
10Стефан Дрогришкилев бек02
11Евгениј Темелкоскидесно крило00
12Марјан Велковголман00
13Борче Соколовцентрален бек00
16Александар Стојаноскиголман01
18Никола Стефановиќпивот04
19Дејан Гошевскидесен бек02
24Дарко Кондевлево крило03
26Ристо Окардовпивот11
33Димитар Коцевлево крило00
34Страхиња Симиќцентрален бек04
77Јане Јанчевцентрален бек05
96Стефан Трпчевскидесен бек16
 Вкупно 233

РАДОВИШ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Славјан Пауновголман00
3Зоран Стојановскилево крило07
4Александар Марковлев бек00
7Александар Долдуровлево крило10
9Спасе Ѓоргиевдесно крило01
10Здравко Постоловцентрален бек03
11Аце Спасовлев бек00
12Александар Ристовголман00
16Александар Мицевголман00
18Ангелче Органџиевлев бек04
23Кристијан Ристовлево крило02
71Филип Трајановдесно крило03
77Александар Вујниќлев бек10
88Томче Трајчевскипивот00
 Вкупно 220

Officials

Судии:Делегат:
АНГЕЛЕСКИ ГОРАН
СЕДЛОСКИ РУБИНЧО
ЧАВДАРОВ ВАСИЛ

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515