Еурофарм Пелистер утре ќе го игра четвртиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа.
Ривал е унгарската Татабања, која со новиот тренер Драган Ѓукиќ нема пораз три меча во серија. Левото крило Стефан Сунајко знае дека е тешко да се игра во Битола, но верува во триумф на неговиот тим.
„Еурофарм Пелистер е сериозен ривал. Секогаш е тешко кога се игра на гостински терен, особено во Битола и Македонија. Мораме да бидеме опуштени, физички и ментално, да излеземе на терен, да дадеме максимум и со триумф да ги донесеме бодовите во Татабања“, вели Сунајко.
Мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања се игра утре во „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.