Македонија со две претставнички во групите од Лигата на Европа

Во групната фаза од Лигата на Европа, Македонија ќе има две претставнички, Андреа Седлоска со Локомотива Загреб и Елена Ѓорѓиевска со Магура откако во последното квалификациско коло изборија пласман со главната рунда.

Локомотива Загреб беше поуспешна во двомечот со Лублин, на првиот меч тимот на Седлоска славеше 25:21, исто така и на реваншот триумфираше 29:27 со што обезбеди групна фаза. Елена Ѓорѓиевска не настапи за Магура заради повреда, но после нерешениот резултат на гости од 22:22, тимот од Романија во реваншот славеше 25:21.

Глорија Бузау каде што настпаува Марија Штериова не успеа да обезбеди пласман во групната фаза и беше елминирана од Сторхамар. На првиот дуел во Норвешка Бузау загуби 27:31, а во реваншот во Романија беше 26:26 што не беше доволно тимот на Штериова да игра во групната фаза.

ЛИГА НА ЕВРОПА, ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ

РЕЗУЛТАТИ

ГЛОРИЈА БУЗАУ – СТОРХАМАР 26:26 (53:57)

АСТРАХАНОЧКА – СОЛА 27:20 (52:56)

Х 65 ХОР – НАНТ 25:35 (49:74)

МАГУРА – ШЕФЛЕР 25:21 (47:43)

ЗАГЛЕБИЕ – ЗВЕНИГОРОД 33:29 (68:55)

ТЕРТНЕС – БИТИГХАЈМ 20:21 (38:60)

ГУАРДЕШ – БЕСАНСОН 24:30 (47:64)