Ракометарите на Бутел Скопје имаа уште едно одлично издание на Струшкиот турнир и во натпреварот за 3. место лесно и убедливо ја совладаа екипата на Тиквеш со 29:20.
Бутел Скопје доминираше во текот на сите 60 минути, натпреварот го отворија со 5:0 и уште многу рано најавија триумф. Во продолжението на првиот дел Бутел рутински ја одржуваше предноста, а во завршницата стигнаа до највисоките 17:10 што беше резултат и на одморот.
Второто полувреме продолжи во ист ритам, Бутел Скопје го контролираше резутатот и секој обид на Тиквеш да се врати во игра успешно го одбиваше. Во последниот дел од натпреварот предноста беше и двоцифрена за сигурна победа на Бутел.
Со оваа победа ракометарите на Бутел Скопје го потврдија одличното издание на 49. издание на Струшкиот турнир и заслужено го освоија третото место. Екипата на Тиквеш турнирот го заврши на четвратата позиција со една победа против Металург.