Првопласираната селекција од Групата Б, Шведска ја оправда оваа позиција и во четврт-финалето откако успеа да ја совлада Јужна Кореја со 39:30.
Ова беше натпревар на две селекции со сосема различна улога на теренот. Шведска доминираше и имаше целосна контрола од почетокот на средбата до крајот на истата. Многу брзо беше обезбедена предност од 8:2 и овие плус шест беа само отворање на патот кон пласман во полуфиналето.
Високата предност од стартот беше уште повеќе големена до крајот на првиот дел, а во две ситуации беше и плус девет, при 17:8 и 21:12. На полувреме резултатот беше 21:13.
Играта со голема доминација од првото полувреме беше пренесена и во продолжение од натпреварот кога Шведска дојде до 33:19 и веќе го имаше одлучено победникот на средбата. До крајот беше дозволено селекцијата на Јужна Кореја да го ублажи поразот. При 39:25 имаше серија од 5:0 откако беше сè решено така што на крајот беше 39:30.
Блом, Робертс и Стромберг беа најефикасни во Шведска со по шест гола, додека во Јужна Кореја Канг имаше осум, а Ким седум гола.
Шведска со ова стана третиот полуфиналист и го елиминираше единствениот состав кој е беше од Европа. В петок противник на Швеѓанките ќе биде победникот од пресметката меѓу Холандија – Франција.