Ракометарот кој ова лето го засили Вардар и дојде во таборот на „црвено-црните“ од редовите на Нант, Едуардо Гурбиндо ќе остане до крај во Токио и ќе се бори за медал откако Шпанија денеска ја совлада Шведска во максимално интересен натпревар со 34:33.
Гурбиндо имаше добро претставување и на дуелот од четврт-финалето, а во нападот имаше два гола од два шута.
Следува уште еден натпревар до финалето, а таму ќе има тежок дуел против актуелниот олимписки и светски првак Данска така што ќе биде доста интересно.
Во секој случај Едуардо Гурбиндо има шанси за медал и може со одличје од Токио да пристигне во Скопје и да се приклучи на новиот тим, а се очекува да биде големо засилување за Вардар.