Црна Гора и Русија први на терен, дербито оставено за крај

Термините за одигрување на натпреварите од четврт-финалето во женска конкуренција на Олимписките игри во Токио се веќе познати, а први на терен излагаат ракометарките на Русија и на Црна Гора. Ова ќе биде дуелот кој ќе го даде првиот полуфиналист кај дамите.

Веднаш потоа ќе следува натпреварот кој ќе го даде противникот, а тоа е двобојот меѓу Норвешка и Унгарија.

Шведска и Кореја ќе играат како трети, додека последни на терен ќе бидат Франција и Холандија  кои ќе учествуваат во најизрамнетата средба во четврт-финалето.

Саатниците се исти како и кај мажите, а официјалните лица ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ (ЖЕНИ)

ТЕРМИНИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

02:30ч

ЦРНА ГОРА – РУСИЈА

06:15ч

НОРВЕШКА – УНГАРИЈА

10:00ч

ШВЕДСКА – ЈУЖНА КОРЕЈА

13:45ч

ФРАНЦИЈА – ХОЛАНДИЈА