Селекцијата на Русија покажа дека лошите игри се минато, откако по триумфот над Унгарија, ја совлада и Франција со 28-27, за сигурно место во четвртфиналето на Олимписките игри во Токио.
Во првиот дел и двете репрезентации имаа свои моменти. По водството на Русија со 11-9, Франција направи голема серија од шест погодоци за комплетен пресврт и предност, 11-15.
До крајот на полувремето Русинките реализираа преку Кузнецова во последната секунда за 15-17 на пауза.
На стартот на вториот дел Французинките беа тие што го диктираа резултатот, но немаа повисока предност од два гола. По 24-24, Вјахирева и Ведјохина дадоа погодоци за 27-25, но Заади со два гола по ред израмни на 27-27 на три минути до крајот.
Ведјохина уште еднаш стрелаше во француската мрежа за 28-27, но имаше време за нови возбудувања. Но Нзе Минко згрешки два пати, потоа погреши и Кузнецова, а откако Макеева украде топка на Французинките, беше јасно дека победата останува за Русија.
Најдобри стрелци кај Русија беа Илина со девет и Вјахирева со пет, додека кај Франција, екс вардарката Пино даде девет погодоци.