Репрезентацијата на Црна Гора претрпе нов пораз на Олимписките игри, а денеска загуби од Норвешка со 23:35.
Поразот е разочарувачки висок бидејќи после 30 минути игра селекцијата на Црна Гора имаше нерешени 13:13 така што селекторката Бојана Поповиќ имаше критики и кон ракометарките, но и забелешки за судиите добро познатите сестри Бонавентура од Франција.
„Премногу сум разочарана од некои работи. Мојот мозок не може да сфати како ракометарките играа онака храбро во првото полувреме, покажуваа заби против Норвешка, а потоа играат онака играат сосема поинаку. Можеби и би воделе доколку не беа оние двете (мисли на судиите, сестрите Бонавентура). Договорот беше да играме дисциплинирано во напад, да се враќање, а тие повторно не исконтрираа“, изјави Поповиќ.
До крајот на групната фаза Црна Гора ја очекуваат натпревари против Јужна Кореја и Холандија. Досега има два бода од почетната победа против Ангола, но до крајот нема право на грешки и мора да победи барем против Корејките.
Секако Црногорките многу ги чинеа загубените бодови против Јапонија во 2. коло.