Репрезентацијата на Русија после ремито против Бразил и високиот пораз од Шведска дојде до првата победа на Олимписките игри во Токио и го совлада составот на Унгарија со 38:31.
Русинките беа поквалитетниот состав во текот на сите 60 минути. Имаа убедлива игра со која уште во првите 30 минути водеа со 22:17.
Овие пет гола предност им беа сосема доволни во продолжението да имаат контрола на играта и да ја зголемат предноста за конечни 38:31.
Со овој триумф селекцијата на Русија се враќа во трка за четврт-финалето и покажува дека уште има што да покаже на овие Олимписки игри.
Денеска во тимот на Русија најефикасна беше Дмитриева со седум гола, додека прв стрелец на средбата беше Клујбер од Унгарија со девет погодоци.
Следен протривник на Русија е селекцијата на Франција в сабота од 7:15 часот.