Селекцијата на Јужна Кореја по двата порази, ја забележа првата победа на Олимписките игри во Токио.
Во азискиот двобој, Јужна Кореја славеше против домаќинот Јапонија во интересен натпревар со 24-27.
По 6-6 во првот дел, Кореја со серија од четири гола направи предност за 6-10, но до крајот на полувремето, Јапонија се врати во игра и намали на 11-12.
Во вториот дел Кореја константно беше во водство од два до четири гола разлика и не дозволија ниту еднаш да биде загрозена нивната предност.
Најдобар стрелец во победничката репрезентација беше Ру со девет гола, додека кај Јапонија, Кондо даде седум, а голманките Итано и Каметани собраа 17 одбрани.
Сега Кореја се вмеша во борбата за место во четвртфиналето, бидејќи ја чекаат дуели со отпишаната Ангола и со Црна Гора.