Селекцијата на Египет ја забележа втората победа на Олимписките игри во Токио, откако славеше над домаќинот Јапонија со 29-33.
Триумфот на избраниците на Роберто Парондо беше најавен уште во првиот дел, кога „фараоните“ направија солидна залиха од седум гола, 11-18.
Домаќинот Јапонија беше поконкурентен во второто полувреме, ја намали негативата, но беше далеку од камбек во мечот и пресврт.
Најдобри стрелци во египетската селекција беа Ел Ахмар со осум и Омар Јахија со седум гола, а Ел Тајар имаше десет одбрани. Кај Јапонците, Токуда даде десет погодоци.