Светскиот шампион Холандија ја запиша втората победа на Олимписките игри во Токио. По триумфот над домаќинот Јапонија, „лалињата“ победија и против Јужна Кореја со убедливи 36-43.
Дваесетина минути траеше отпорот на азискиот шампион, а дотогаш се играше најчесто гол за гол. По 12-12, избраничките на Емануел Мајонад направија серија од шест гола за 12-18, што ќе се покаже клучна. До паузата Јужна Кореја успеа да стопи дел од негативата за 15-19.
Второто полувреме беше само рутинско одработување на задачата на светскиот шампион. Водеше Холандија во неколку наврати и со девет гола разлика, но ривалот успеа на крајот да го ублажи малку поразот.
Најдобри стрелци во холандскиот состав беа Абинг со шест и Малештајн со пет погодоци. Доволен доказ за разновидната игра на светскиот првак е тоа што сите ракометарки во составот погодија по најмалку два пати, освен голманките Дујиндам и Вестер кои собра десет одбраи. Кај Јужна Кореја се истакна Ли со девет гола.