Репрезентацијата на Шпанија продолжува да доминира на дуелите против Норвешка на големите натпреварувања бидејќи ова големо ривалство кое трае со децении доби уште една бројка во корист на „фуријата“ кога се во прашање меѓусебните дуели.
Норвежаните веќе имаат комплекс кога станува збор за дуелите против Шпаија бидејќи цели 24 години не можат да дојдат до позитивен резултат. На последните 19 дуели имаат дури 18 порази и едно реми.
Шпанија ја победи Норвешка во 1997 година и оттогаш продолжи да обезбедува триумф секогаш кога игра против оваа селекција на големите натпреварувања. Во јануари на Мундијалот во четврт-финалето Шпанците славеа со 31:26, а денеска победата беше 28:27.
Прашање е како би било доколку имаат можност за уште еден натпревар на овие игри бидејќи постои можност да се сретнат во полуфиналето или евентуално во некој од натпреварите за медали.