Светските првенки со победа против домаќинот го започнаа атакот на олимпиското злато

Од:IHF

Холандија со победа против домаќинот Јапонија го отвори женскиот дел од олимпискиот турнир во ракомет. Светските првенки ја имаа контролата над играта и резултатот во текот на целиот натпревар и заслужено дојдоа до првите два бода со резултат 23-21 (18-10).

Од самиот почеток Холандија ја контролираше играта и резултатот, па по воведните пет минути создаде и пет голови предност 6-1. Во исто темпо продолжи и остатокот од првото полувреме, а Ван дер Камп во 18. минута ги постави највисоките „плус девет“ за Холандија или 14-5. До паузата Јапонија успеа да намали само гол од високата разлика. Двете екипи на полувреме заминаа со резултат 18-10.

Вториот дел не донесе резултатски возбудувања. На Холанѓанките им беа потребни десет минути за да создадат двоцифрена предност, но никогаш не ја поминаа границата од 12 голови разлика. Со рутинирана игра светските првенки го приведоа натпреварот кон посакуваниот крај. Јапонија иако имаше желба немаше квалитет за посериозно да им парира на своите први противници на Олимписките игри Токио 2020. Натпреварот заврши со „плус 11“ или резултат 32-21.

Лоис Абинг ја предводеше листата стрелци со седум голови, кај Јапонките Фуџи со 5 погодоци беше најпрецизна во својот тим.