Групата Б на Олимпискиот турнир за жени ја сочинуваат селекциите на Шпанија, Франција, Шведска, Русија, Унгарија и Бразил. Репрезентацијата на Русија е бранител на титулата, но и покрај тоа за пласман на игрите мораше да се бори на преку квалификацискиот турнир во март годинава.
На Олимписките игри Унгарија нема победа против Русија, тие загубија во двете среби кои ги играа против Русинките на Олимпијадите, а во вкупниот меѓусебен биланс Русија има предност со седум победи, три порази и еден нерешен дуел. Русинките исто така имаа подобар биланс и од Шпанија и Шведска, додека дуелот со Франција ќе биде реприза од финалето на последните Олимписки игри кое го доби Русија со 22:19.
За рeпрезентацијата на Шпанија следува период со неколку предизвици, освен Олимписките игри на сребрените од Светското првенство во 2019 година им претстои и домашниот Мундијал во декември. Од противниците во групата на Олимпискиот турнир Шпанија има позитивен биланс само против селекцијата на Бразил.
Сребрените од Рио, Французинките ќе се обидат да се вратат на успесите на кои се навикнати нивните фанови после неуспехот и разочарувачкото 13. место на Мундијалот во Јапонија. Французинките имаат позитивен биланс против Шведска и Унгарија, а се огромни фаворити против Бразилките против кои немаа победа од 2003 година. Во секој случај Франција е еден од главните конкуренти за највисок пласман и медал на игрите.
Почетокот на натпреварите во групата Б на Олимпискиот турнир е во недела кога ќе се сретнат репрезентациите на Русија и Бразил, Шпанија и Шведска, а Унгарија ќе отвори против Франција.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ (ЖЕНИ)
ГРУПА Б
1.КОЛО (НЕДЕЛА, 25 ЈУЛИ)
04:00ч
РУСИЈА – БРАЗИЛ
12:30ч
ШПАНИЈА – ШВЕДСКА
14:30ч
УНГАРИЈА – ФРАНЦИЈА
2.КОЛО (ВТОРНИК, 27 ЈУЛИ)
04:00ч
БРАЗИЛ – УНГАРИЈА
07:15ч
ШВЕДСКА – РУСИЈА
14:30ч
ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА
3.КОЛО (ЧЕТВРТОК, 29 ЈУЛИ)
04:00ч
ШПАНИЈА – БРАЗИЛ
12:30ч
УНГАРИЈА – РУСИЈА
14:30ч
ШВЕДСКА – ФРАНЦИЈА
4.КОЛО (САБОТА, 31 ЈУЛИ)
07:15ч
РУСИЈА – ФРАНЦИЈА
09:15ч
БРАЗИЛ – ШВЕДСКА
12:30ч
УНГАРИЈА – ШПАНИЈА
5.КОЛО (ПОНЕДЕЛНИК, 2 АВГУСТ)
04:00ч
ФРАНЦИЈА – БРАЗИЛ
07:15ч
ШПАНИЈА – РУСИЈА
09:15ч
УНГАРИЈА – ШВЕДСКА