Светскиот шампион Данска славеше над Јапонија на стартот на Олимписките игри со убедливи 17 погодоци разлика, 47-30.
Избраниците на Николај Јакобсен срушија рекорд на ОИ по број на постигнати голови на натпревар од една репрезентација, кој досега беше 44.
Овој рекорд го држеше Франција, која на Олимписките игри во 2012 година славеше над Велика Британија со 44-15.
На двобојот меѓу Данска и Јапонија паднаа друи 77 погодоци, што исто така е рекорд на ОИ по постигнати погодоци. Претходниот го имаа Шпанија и Бразил кои дадоа 71 гол, 36-35 на Олимписките игри во 2008 година.