По десниот бек Денис Тот, второ засилување за тимот на Бутел Скопје ќе биде голманот Градимир Чаневски. Чуварот на мрежата доаѓа од Еурофарм Пелистер и потпиша договор на четири сезони со Бутел.
Тој претходно беше дел од Металург, Вардар и Вардар Јуниор пред да се пресели во битолскиот тим со кој играше во Лигата на шампионите, Лигата на Европа, ЕХФ Купот, Челинџ Купот и СЕХА лигата.
„Имав неколку понуди од странство и од Македонија, но понудата од Бутел Скопје беше најдобра за мене. Имавме разговори со сопственикот на клубот и сфатив дека станува збор за амбициозен проект поддржан и воден од одличен кадар. Бутел има добра екипа, хомогена и сите се како еден, а тоа е одличен предуслов. Од тоа што го знам, Бутел е еден од најорганизираните и најпрофесионалните клубови во Македонија. Среќен сум што се враќам во Скопје по пет години поминати во Битола. Сега следува малку одмор, а потоа да се фатиме за работа, затоа што не очекува напорна и интересна сезона“, вели Чаневски.
Претходно договорите со Бутел Скопје ги продолжија кружниот напаѓач Владимир Јевтиќ и левиот бек Јовица Младеновски.