Металург најави дека и следната сезона ќе има интересен тим со кој ќе се обиде да им ги замрси сметките на Вардар и на Еурофарм Пелистер, па освен Златко Хорват кој реши да остане како засилувања треба да бидат претставени и браќата Њокас. Тоа ќе бидат првите Французи што ќе играат во тимот од Автокоманда.
Но, додека управата во Скопје работи на засилувања, поранешните членови на поранешниот македонски шампион си ги бараат своите пари за периодот додека биле дел од Металург. Тимот се уште ги нема „расчистено“ сите стари сметки со некогашните ракометари. Словенецот Александер Шпенде, кој мина една сезона во Автокоманда, 2018/19, парите заработени во Металург си ги бара преку Ракометниот Суд на ЕХФ.
Дека постои случај „Шпенде-Металург“ беше потврдено и на последниот Конгрес на ЕХФ кога во извештаите на работата на Ракометниот Суд се појави и дел за овој случај. Случајот е веќе отворен во европската куќа на ракометот во Виена и се чека комплетирање на документацијата. Следните чекори кои може да ги преземе ЕХФ се можна суспензија на Металург од европските натпреваарувања, доколку не ги исплати сите побарувања на Шпенде, или пак едноставно запирање на пари што треба да му бидат исплатени на клубот.
Словенечкиот интернационалец по заминувањето од Металург, играше една сезона во хрватскиот Загреб, а потоа се пресели во швајцарскиот Базел, со кој поптиша долгорочен договор.
Шпенде не е едиствениот што почнал процедува или пак најавил процедура за судска развршница околу исплата на долговите. Од клубот пред некој месец се пофалија дека се исплатени 80 отсто од долгувањата, а сега треба да го реализираат од дел од ваучерот добиен од државата, откако оние што ја блокирале сметката се согласиле привремено да ја одблокираат, а со цел и тие да добијат дел од долгувањата.