Репрезентативецот на Франција, Валентин Порт и Монпелје ја продолжија својата соработка за уште три сезони. Порт во Монпелје ќе настапува до 2024 година, но постои опција да остане и подолг временски период.
Оваа сезона, Порт во дресот на Монпелје постигна 46 гола во рамките на Лига на Европа.
„Овде се чувствувам многу добро. Уживам кога играм во овој клуб и со овој тим. Би сакал да продолжам да пишувам историја со овој амбициозен клуб”, изјави Порт за клупскиот сајт.
Валентин Порт во Монпелје пристигна во 2016 година и по две сезони стана и капитен на екипата. За репрезентацијата на Франција настапува од 2013 година.