Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.
Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за титулата и за опстанокот, а на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до петок до 15 часот.
Резултати, плеј-оф/плеј-аут, 7 коло:
Пролет – Струга 27-21 (ИЗВЕШТАЈ)
Охрид – Еурофарм Пелистер 20-24(ИЗВЕШТАЈ)
Металург – Вардар 27-31 (ИЗВЕШТАЈ)
Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје 25-26 (ИЗВЕШТАЈ)
Тиквеш – Прилеп 29-28 (ИЗВЕШТАЈ)
Младост Богданци – Јуниор КВ 28-28 (ИЗВЕШТАЈ)
Астраион – Радовиш 24-39 (ИЗВЕШТАЈ)
КЛ7 – Работнички 27-23 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 7. КОЛО
ГОЛМАН: Градимир Чаневски (Еурофарм Пелистер) – Битолчани мораа да се помачат да го добијат мечот во Охрид, а еден од клучните фигури во гостинскиот тим беше токму Чаневски.
ЛЕВО КРИЛО: Давор Палевски (Пролет) – Еден од најдобрите стрелци во суперлигашкото друштво постигна 11 погодоци на дуелот против Струга.
ЛЕВ БЕК: Ангелче Органџиев (Радовиш) – Радовишани имаат три победи во серија, а велешанецот беше најдобар во триумфот против Астраион.
СРЕДЕН БЕК: Марио Гичев (Јуниор КВ) – Штипјанецот не само што беше најдобар стрелец во ремито против Младост со девет гола, го даде и последниот гол за реми во последните секунди.
ДЕСЕН БЕК: Вања Смиљаниќ (Тиквеш) – Српскиот интернационалец беше најдобар стрелец на дуелот против Прилеп и даде девет погодоци со добра процент на реализација.
ДЕСНО КРИЛО: Иван Чупиќ (Вардар) – Хрватското десно крило постигна шест погодоци во Автокоманда, а дел од нив во клучните моменти кога Вардар ја градеше предноста за триумф.
ПИВОТ: Томислав Кушан (Еурофарм Пелистер) – Хрватскиот пивотмен игра одлично по камбекот по повредата даде голем придонес во играта во напад за триумф на битолчани во Охрид.